На црниот пазар се појавиле податоци од милиони корисници на Instagram

by irena 19:02
19:02

Светот е во шок по информациите дека доверливи податоци на над 17 милиони корисници на Инстаграм се најдоа на црниот пазар. Иако гигантот Мета тврди дека нема пробив во системот, реномираната компанија за сајбер безбедност Malwarebytes алармира дека базата со кориснички имиња, е-пошта и телефонски броеви е веќе понудена на продажба.

Според експертите, хакерите искористиле стара ранливост во системот на Инстаграм (API) за да ги извлечат податоците. Токму ова протекување е причината за илјадниците „чудни“ мејлови за ресетирање на лозинка кои корисниците ги добиваа деновиве. Доколку и вие добивте ваков мејл без да го побарате, бидете екстремно внимателни – вашиот налог може да биде следната мета!

Слични вести