На 19 април нови парламентарни избори во Бугарија

by irena 13:07
13:07

Бугарија ќе одржи нови предвремени парламентарни избори на 19 април, објави денес претседателката на земјата Илијана Јотова.

Јотова минатата недела го назначи Андреј Ѓуров, заменик-гувернер на Бугарската национална банка, за шеф на привремена влада задолжена за подготовка на нови парламентарни избори. Тоа ќе бидат осми избори во последните пет години во членката на ЕУ и НАТО, објави Ројтерс.

Претходната влада поднесе оставка на 11 декември по неколку недели улични протести поради нејзините економски политики и неуспехот во борбата против корупцијата.

„Ќе издадам декрет за распишување избори за 19 април“, објави Јотова на денешната прес-конференција по средбата со Ѓуров, кој ги претстави членовите на неговата привремена влада.

Бугарија, која се приклучи на еврозоната на 1 јануари, се соочува со долгорочна политичка нестабилност со фрагментиран парламент кој не успеа да формира стабилни владини коалиции.

Слични вести