МВР: Две лица се уапсени во Прилеп за поткуп при гласање

by vlatko 15:09
15:09

Локалните избори се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера на територијата на целата држава и досега не се регистрирани посериозни нарушувања на јавниот ред и мир, изјави на прес-конференција портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Гоце Андреевски. Сепак, како што рече, МВР постапува по одредени пријави и инциденти поврзани со изборниот процес.

Тој информира дека во 9 часот на улица „Дабничка“ во Прилеп, полициски службеници лишиле од слобода две лица од Крушево – Б.Х. (72) и Д.С. (36), во врска со кривично дело поткуп при избори и гласање.

Во врска со истиот настан, од МВР соопштија дека во прилепската полициска станица повикани се и пет други лица од Крушево со престој во Прилеп.

-По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава – рече полицискиот портпарол.

Слични вести