Муцунски – Нејнски: Односите меѓу Скопје и Софија треба да се градат врз принципите на добрососедство

by irena 11:56
11:56

Maкедонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија – Тимчо Муцунски на Фејсбук објави дека денеска телефонски разговарал со новоименуваната шефица на бугарската дипломатија Надежда Нејнски.

„Упатив искрени честитки по повод нејзиното именување и ѝ посакав успех во извршувањето на функцијата. Во разговорот нагласив дека односите меѓу двете земји треба да се градат врз принципите на добрососедство, пријателство и конструктивна соработка. Воедно, иницирав билатерална средба која би се реализирала во наредниот период“, пишува Муцунски.

Слични вести