Муцунски најавува почеток на постепено укинување на роамингот во ЕУ

by irena 20:53
20:53

На почетокот на следната година би можело да се очекува почетокот на постепеното укинување на роамингот за македонските граѓани во ЕУ, најави министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски од Брисел.

Тој денеска и утре престојува во работна посета на Брисел, каде денеска се сретна средба со генералниот директор на Директоратот на Европската комисија за проширување и источно соседство, Герт Јан Копман.

„Во фокусот на разговорот беше и иницијативата „Роаминг како дома со ЕУ“, насочена кон постепено укинување на трошоците за роаминг помеѓу земјите од Западен Балкан и Европската Унија. Одлуката за оваа иницијатива се очекува да биде донесена на почетокот на следната година“, се вели во соопштението од МНР.

Слични вести