142
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, му ја честиташе изборната победа на Петер Маѓар на парламентарните избори во Унгарија.
Во објава на мрежата „Икс“, Муцунски порача дека очекува добрата соработка меѓу двете земји да продолжи и во иднина, врз основа на заемна почит, партнерски односи и на заеднички европски вредности.
„Честитки за Петер Маѓар за изборниот резултат. Граѓаните на Унгарија се изјаснија и нема ништо поважно од демократската волја на народот. Ги вреднуваме силните билатерални односи градени со години, и со нетрпение очекуваме продолжување на нашата соработка заснована на заедничко почитување, партнерство и на споделени европски вредности“, напиша Муцунски на „Икс“.