Муцунски го осудува ракетниот напад кон Турција: Македонија стои до својот НАТО сојузник

by irena 18:51
18:51

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, го осуди лансирањето на ирански ракети кон Турција, оценувајќи го како неприфатлив и дестабилизирачки чин за регионот.

Муцунски потенцира дека ваквите акции директно го нарушуваат меѓународниот воздушен простор, ги ескалираат тензиите и ја поткопуваат регионалната стабилност.

„Стоиме во целосна солидарност со Турција како наш НАТО сојузник. Повикуваме на итна деескалација и целосно почитување на меѓународното право“, истакна Муцунски преку социјалната мрежа Х.

Слични вести