92
Поранешниот министер за европски прашања Орхан Муртезани ја презема функцијата амбасадор и постојан претставник на земјава во НАТО.
Муртезани е еден од деветтемина нови амбасадори чии имиња поминаа на владина седница во февруари годинава.
„За мене ова е ново професионално поглавје, но истовремено и продолжение на истата определба – Северна Македонија да биде сигурна дома, кредибилен сојузник и држава која има свој глас и придонес во евроатлантското семејство“, напиша Муртезани на Фејсбук.
Тој беше министер за европски прашања во периодот од јуни 2024 до декември 2025 година а беше разрешен од функцијата по локалните избори.