174
Македонската радио телевизија вчера поради технички проблеми, не била во можност да го емитува централниот ТВ-дневник во 19:30 часот.
Неофицијално, во МТВ имаат технички проблем со серверите кој се уште го решаваат и се надеваат дека наскоро содржината ќе се врати според планираното.
Техничкиот проблем траел извесно време, заради што на МТВ изминатите денови не можеле да се реализираат одреден вид содржини во информативната програма.
Денеска во МРТВ продолжи редовната програма, откако техничките проблеми биле отстранети.