Претседателката на ЛДП, Моника Зајкова, денеска ја оствари својата граѓанска обврска и гласаше на изборите, упатувајќи повик до сите граѓани да го искористат своето демократско право.
„Ја исполнив мојата граѓанска обврска! Денес го дадов својот глас за развој и подобра иднина на нашите општини и на Град Скопје. Го повикувам секој граѓанин да го искористи своето најмоќно демократско право – правото на глас!“, стои во објавата на Зајкова. Воедно, таа ги охрабри граѓаните да одлучуваат разумно и одговорно, со мисла за иднината на заедниците.
Зајкова потенцираше дека е време за проекти и резултати, а не за блокади и изговори, истакнувајќи ја потребата од избор на кандидати со визија и конкретни решенија за проблемите на граѓаните.
„Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас!“, порача таа.