МОН: Почнува пријавувањето на наставниците за обуката за примена на вештачката интелигенција во наставата

by irena 12:15
12:15

Наставниците од средните училишта во државата можат да се пријават за напредна обука за примена на вештачката интелигенција во наставата. Доколку имаат основно ниво на познавања на дигитални алатки и активно го владеат англискиот јазик, можат да аплицираат за обуката „AI во училница“, што ќе им помогне да ја вклучат вештачката интелигенција во сите фази на наставата, од подготовката за час до оценувањето.

Министерството за образование и наука во соработка со групацијата Brainster го објави јавниот повик за учество во обуката, а пријавувањето трае до 12 септември, по што, до крајот на месецот ќе се изврши селекција и тестирање на кандидатите. Обуката почнува на 1-ви октомври.

Наставниците што ќе учествуваат во обуката ќе добијат бесплатен пристап до 8 различни курсеви секој месец, со најсовремена и практична содржина, а за нивно успешно совладување следат 8 дигитални сертификати месечно, како и печатен сертификат за успешно завршување на целосната програма.

Слични вести