170
Официјални лица од американската сојузна држава Мериленд соопштија дека вчера попладне по локално време имало пукање во средно училиште и дека е потврдено дека едно момче е рането.
Полициската управа на округот Монтгомери соопшти дека средното училиште „Томас С. Вутон“ останува во блокада додека дополнителни полицајци се собираат на местото на настанот.
„Полицијата на округот Монтгомери го истражува тоа што го нарекува активен инцидент. Потврдено е дека едно лице било застрелано во 14:45 часот. Едно лице оттогаш е приведено“, наведе Пит Пирингер од противпожарната и брза помош на округот Монтгомери, пренесе Фокс њуз.