Скандалозна одлука на Судскиот совет, наместо највисоко рангираниот кандидат, денеска за в.д. претседател на Основниот кривичен суд, Скопје е избрана судијката Даниела Димовска, која била дури единаесетта на ранг-листата – реагираше пратеничката на Левица, Јована Мојсоска.
Taа на социјалните мрежи напиша:
„Циркусот од вмровската интерпелација против Судскиот совет беше една обична фарса… Очигледно, интерпелацијата за власта е успешна. Ги дисциплинираа членовите од Судскиот совет за конечно вмровските судии од ‘тефтерчето’ на Горде да добијат функции во нивното партизирано судство“.
Мојсоска посочи дека Димовска има истакнато партиско минато, како поранешна асистентка на пратеникот Влатко Ѓорчев, додека нејзиниот сопруг работел во кабинетот на градоначалникот Тимчо Муцунски.
Според неа, изборот на судијка со партиски врски, наместо најдобро рангираниот кандидат, е уште еден доказ за длабоката партизација на правосудството.