Младите фудбалери на ФК Водно се вратија како шампиони од Шпанија, освоија две злата

by valentina 19:01
19:01

Младите фудбалери на ФК Водно, од генерации 2013 и 2015 се вратија од Шпанија како шампиони.

Фудбалерите се победници во своите категории на силниот и престижен турнир “Овиедо Куп“ кој изминатите денови се одржуваше во Шпанија, во Овиедо.

Од клубот гордо споделуваат дека ова е фантастичен успех на младите фудбалерчиња на овој македонски клуб, кои јасно покажаа и докажаа дека и во Македонија имаме супер – таленти, кои чекаат да дојдат на големата сцена.

Слични вести