723
МВР информира дека во саботата во 17:35 часот во СВР Струмица е пријавено дека на магистралниот пат Струмица – с. Ново Село, во с. Босилово, струмичко, патничко возило „ауди“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Р.И.(21) од Струмица, удрило во велосипед управуван од Ѓ.И.(71) од с. Босилово.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Медицински центар Струмица.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Струмица.