Млад фудбалер загина во сообраќајна несреќа

by irena 10:12
10:12

Трагична вест го потресе Тетово.

Во раните утрински часови денеска, во сообраќајна несреќа, животот го загуби младиот фудбалер Даниел Николовски (21).

Николовски бил дел од младинските категории на Тетекс, а љубовта кон клубот ја продолжил и во сениорскиот тим, оставајќи трага како член на тетовското фудбалско семејство.

Од ФК Тетекс со длабока болка се простија од својот поранешен младинец и сениорски фудбалер, истакнувајќи дека Даниел засекогаш ќе остане дел од историјата на клубот.

„Ќе остане запаметен како дел од нашето Тетексово семејство и засекогаш ќе биде дел од историјата на нашиот клуб“, порачаа од Тетекс.

Клубот упати најдлабоко сочувство до семејството, најблиските и сите кои го познаваа Даниел.

Слични вести