189
Премиерот Христијан Мицкоски не сака да ја коментира скопската градоначалничка Данела Арсовска, а институциите ги повика да постапуваат и да го решат инцидентот.
„Државата има институции, ги повикувам да постапуваат по случајот. Што се однесува до градоначалничката на Скопје многу работи се кажаа, не би имал што да додадам“, рече кусо Мицкоски.
Ова доаѓа откако вчера Арсовска во Чаир тврдеше дека била нападната, удирана со клоци и раце.