Мицкоски: Целта на „Безбеден град“ е да се спаси човечки живот, без разлика на етничкатa припадност

by irena 13:03
13:03

Владата е одлучна проектот „Безбеден град“ да го стави во функција, а по неговата имплементација, веќе нема да има толкав број жртви од сообраќајни незгоди, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски одговорајќи на пратенички прашања.

Целта е, нагласи тој, да се спасат што е можно повеќе човечки животи, без притоа да се води сметка кој од која етничка припадност е.

– Во 2025 година во Скопје имало 28 сообраќајни несреќи, во кои настрадале 32 лица. Од нив, 17 биле Македонци, а 12 Албанци и други припадници на етнички заедници. Во декември 2025 во Скопје имало нула починати, а во декември 2024 имало пет, пет наспроти нула. Пред неколку дена во интервју на албански медиум реков дека ако е тоа цената што како Влада треба да ја платиме и да дојдете вие што ќе го укинете овој проект и повторно ќе ги вратите жртвите како резултат на сообраќајните незгоди на улиците и во главниот град, на коридорите и во другите градови, во ред, подготвен сум тоа да го прифатам. Но, сè додека јас сум премиер, ќе се борам да спасам макар и еден човечки живот, без притоа да водам сметка каква му е етничката припадност. Ќе бидам среќен, ќе спијам мирно зашто сум спасил еден човечки живот, без разлика на неговата етничка припадност – му порача Мицкоски на пратеникот Скендер Реџепи, кој го постави прашањето.

Слични вести