Мицкоски шокиран од запирањето на постапката за предметот за ТЕЦ „Неготино“, очекува да биде вратен на преразгледување

by irena 13:35
13:35

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека со шок и неверување вчера ја примил веста за одлуката на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) да ја запре постапката за предметот во врска со набавките на мазут за ТЕЦ „Неготино“, во кој, меѓу другите, беше опфатен и поранешниот директор на АД „Електрани на Северна Македонија“, Васко Кочачевски.

„Јас вчера со неверување ја слушнав таа вест и бев шокиран од тоа што го слушнав“, рече Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по посетата на болницата „8 Септември“.

Позитивно во ситуацијата, според премиерот, е што АД ЕСМ ќе вложи жалба за одлуката на Обвинителството, по што, според него, предметот повторно ќе биде вратен на преразгледување и на повторна анализа бидејќи ако тоа не се случи, како што рече, Обвинителствтото дефинитивно го губи својот кредибилитет.

Во врска со одлуката на ОЈО ГОКК, премиерот вчера разговарал со државниот јавен обвинител Ненад Савески.

„Тој ме информираше дека не бил информиран за оваа одлука на ОЈО ГОКК што го води Ислам Абази и претпоставувам дека по вложената жалба од страна на ЕСМ случајот ќе биде преразгледан и вратен на повторно анализирање. ОЈО ГОКК на чело со Ислам Абази сме го коментирале и нема што дополнително да кажам, јавноста знае за каков обвинител станува збор“, рече Мицкоски.

Слични вести