Раководството на Левица не е тоа за што се претставува и партијата манипулира со измами, како што лажеа дека не купиле деловен простор или дека се неподмитливи, а земаат пари од разни страни.
Тој потенцира дека е лицемерно од оваа партија да ги напаѓаат нивните колеги пратеници за тоа што добиваат патни трошоци во Парламентот, а тие во нивната партија си исплаќале патни и материјални трошоциод тоа што го добивале од граѓаните и буџетот.
-Така што онаа теза робеспјеровска дека се неподмитливите, паѓа во вода. Гледате какви скандали прават пратеници од Левица. Има во сообраќајна несреќа две лица повредени, да оставиме обвинителството да покаже, но, факт е дека има две лица со повреди во сообраќајна незгода со пратеник од редовите на Левица. Мора граѓаните да ја знаат вистината, не може од една страна да напаѓате, а од друга страна да злоупотребувате и да мислите дека ќе остане неказнето. Велеа дека нема врска оној деловен простор, за потоа да видиме од записник доставен до нас од нивното најтесно претседателство како договараат со една од банките да земат кредит, па потоа да го купат на попуст на лицитација, па добро било да не се објавува банката затоа што имала репутациски ризик“, рече Мицкоски.