223
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека ќе се проверуваат сите компании кои добиле лиценци за производство на канабис.
Ова доаѓа по скандалот со заплена на околу 40 тони нелегална марихуана. Тој рече дека нема да биде изненаден ако се дојде и до бројка од 100 тони.
„Го најави тоа дека во периодот кој следи да се направи проверка и во други објекти и очекувам на Влада денеска да се донесе тоа задолжение. Очекувам ваков тип на одлуки да бидат донесени, и следните денови да се проверат сите компании кои добиле лиценци за производство на канабис за медицински цели. Нема да бидам изненаден ако дојдеме до 100 тони“ – изјави Мицкоски.