Министерството за здравство ги разгледува можностите за поддршка на Швајцарија

by vlatko 22:08
22:08

Министерството за здравство ги разгледува можностите и расположливите капацитети за да и обезбеди соодветна поддршка на Швајцарија во делот на медицинското згрижување на повредените од трагичниот пожар во Кран-Монтана, соопштија од таму.

„Во таа насока, Министерството за здравство веќе постапува во координација со Дирекцијата за заштита и спасување на РСМ, а преку Координативниот центар на ЕУ за одговор на итни случаи (EU ERCC) воспоставен е канал на комуникација и со здравствените власти во Швајцарија, соопшти МЗ.

Воедно, Министерството изразува искрено сочувство до семејствата на настраданите и најдлабока солидарност со повредените од овој трагичен настан“.

Слични вести