Министерство за здравство: Здравствениот систем мобилизиран поради актуелните пожари

by irena 21:48
21:48

Во контекст на актуелните пожари што се во тек, Министерството за здравство информира дека здравствениот систем е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици.

,,Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се дежурства од стручни кадри и резервирани се транспортни капацитети за итни случаи. Сите релевантни служби се во состојба на зголемена готовност, со јасно дефинирани протоколи за постапување“, велат од министерството.

Оттаму соопштуваат дека се следи состојбата на терен и се постапува согласно развојот на настаните, со единствена цел, заштита на здравјето и безбедноста на населението.

Слични вести