Министерот Фатмир Лимани „пребега“ во ВМРО-ДПМНЕ?

by irena 20:21
20:21

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, најверојатно ги напушта редовите на коалицијата и преминува кон партнерот во Владата, ВМРО-ДПМНЕ, пишува „4њуз“.

Лимани денеска не се појавил на координативната средба на владините функционери од редовите на ВЛЕН. Но, додека неговите колеги заседавале, тој во исто време бил присутен на новогодишен коктел организиран од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Кичево.

Според партиски извори, ова не е изолиран инцидент. Се тврди дека Лимани веќе подолго време делува надвор од инструкциите и партиската политика на ВЛЕН.

Слични вести