Министер за одбрана на Белгија: Ако Москва го нападне Брисел, ќе ја срамниме со земја!

by irena 09:50
09:50

Белгискиот министер за одбрана Тео Франкен испрати порака до Русија, предупредувајќи дека доколку Москва некогаш се осмели да го нападне Брисел, НАТО ќе одговори со разорна сила и ќе ја срамни со земја руската престолнина.

Во интервју за „The Brussels Times“, тој зборуваше за воената стратегија на Алијансата, текот на војната во Украина, како и за европската безбедност и нуклеарното одвраќање.

На директното прашање дали постои страв од можен руски ракетен напад врз Брисел, министерот одговори без двоумење:

„Не, бидејќи тоа би значело напад врз срцето на НАТО. Ако Путин го стори тоа – ние ќе ја срамниме Москва со земја.“

Франкен потенцира дека Белгија и НАТО целосно се подготвени да реагираат на каков било обид за напад, и дека системот на заемна одбрана – Член 5 од Повелбата на НАТО – е неприкосновен.

– „Имам целосна доверба во американското лидерство. Многумина во Европа имаат предрасуди кон владата во Вашингтон, но јас немам дилема дека претседателот Доналд Трамп би го почитувал Член 5. НАТО е гарантот на нашата безбедност,“ нагласи Франкен.

Слични вести