Минималната плата во Србија ќе биде 500 евра

by irena 21:14
21:14

Минималната цена на работа во Србија ќе се зголеми на 500 евра од 1 октомври оваа година.

На 124-та редовна седница беше донесена едногласна одлука за вонредното зголемување на цената на трудот.

Поточно, минималната цена на работата во Србија од октомври ќе биде повисока за 9,4 проценти и ќе изнесува повеќе од 500 евра, беше договорено денес на состанокот на Социјално-економскиот совет (СЕС) на Србија. Претседателката на СЕС и министерка за труд, Милица Ѓурѓевиќ, изјави дека одлуката за вонредното зголемување е донесена едногласно и дека таа е резултат на социјалниот дијалог во Србија.

Минималната плата во моментов е 53.592 динари, или 457 евра, откако беше зголемена за 13,7 проценти во јануари оваа година, а целта е до крајот на 2027 година, односно од 2028 година, минималната плата да изнесува 651 евро.

Слични вести