Мерко му го сврте грбот на ДУИ, даде поддршка за независните

by valentina 13:22
13:22

Актуелниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко, отворено се изјасни за поддршка на независната листа за Советот на Струга, со што му го сврте грбот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

„Цврсто ја поддржувам независната листа за Советот на Струга. Овие поединци покажаа интегритет и подготвеност да работат за доброто на нашиот град. Ги поканувам сите оние кои веруваат во слободниот глас на граѓаните да ми се придружат во поддршката. На гласачкото ливче, гласајте за бројот 120! Ова е избор за граѓаните, од граѓаните“, напиша Рамиз Мерко на социјалните мрежи.

Партијата на Ахмети оваа година одлучи да не го кандидира Мерко за нов мандат, туку кандидатурата за градоначалник да му ја препушти на коалицискиот партнер Зијадин Села.

Слични вести