Медведев: Колку повеќе пари, толку пострашен ќе биде крајот

by irena 13:15
13:15

Колку повеќе средства Западот троши за поддршка на киевскиот режим, толку пострашен ќе биде неговиот крај, порача заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев.

Тој укажа дека Западот му предал на Киев половина трилион евра.

„Од една страна, тоа е неверојатна сума. Дури и ако се земе предвид колку украле крвавите киевски кловнови (во натамошниот текст ККК — да не се меша со американскиот расистички Кју Клукс Клан). Новопечениот ККК краде безмерно. Но, дури и со оглед на дивјачкото ограбување на бандеровскиот режим, сумата и понатаму е скандалозно и критично голема“, напиша Медведев на Телеграм.

Тој истакна дека тие пари можеле да бидат искористени за изградба на нова, неутрална и просперитетна Украина, „но не им било судено тоа да се случи“.

„Која е суштината? Еве ја: колку повеќе западниот свет троши за поддршка на ККК, толку пострашен ќе биде крајот на историјата за режимот на крвавите киевски кловнови — и толку поголема ќе биде територијата што на крај ќе ѝ се врати на родната Русија. Нашите граѓани и руските власти ќе се вратат на своите исконски руски земји“, рече Медведев.

Слични вести