Медведев: Коалицијата на оние што сакаат војна со Русија не успеа да го надмудри Трамп

by irena 10:28
10:28

Коалицијата на оние што сакаат војна со Русија не успеа да го надмудри американскиот претседател Доналд Трамп на негова територија, изјави денес заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, коментирајќи ги преговорите за Украина во Вашингтон.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера ги нагости Володимир Зеленски и лидерите на ЕУ во Белата куќа, а темата на разговор беше завршувањето на војната во Украина.

„Антируската воено подбуцнувачка Коалиција на оние што сакаат војна не можеше да го надмудри американскиот претседател на негова територија. Европа се заблагодари и беше поласкана. Единственото прашање е која песна ќе ја пее киевскиот комичар дома за гаранции и територии, кога повторно ќе ја облече зелената воена униформа“, напиша Медведев на социјалната мрежа X.

Трамп го увери Зеленски дека САД ќе ја гарантираат безбедноста на Украина во договорот за завршување на војната.

Слични вести