Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџит денеска истакна дека најверојатно тој ќе биде кандидат за градоначалник на Чаир на ВРЕДИ на престојните локални избори.
Одговарајќи на новинарско прашање дали тој ќе биде кандидат на ВРЕДИ за Чаир кусо одговори: „Најверојатно да“.
Тој истакна дека при крај се консултациите и се чекаат резултатите од анкетите и додаде дека верува оти до крајот на неделата ќе излезат со листа на кандидати од Струга до Липково, со целосен список на градоначалници.
-При крај се консултациите, ги чекаме резултатите од анкетиве, бидејќи сакаме да ги избереме најдобрите, најпрофесионалните, да го дадеме најдоброто решение за секоја општина и тие нема да бидат само победници и победнички листи, туку ќе бидат и најдобрите во реализацијата на она што најмногу може да се направи за тие општини, во кои ќе се кандидираат. Мислам дека до крајот на неделата ќе ги имаме кандидатите од ВЛЕН, од Струга до Липково, за секоја општина посебно, нагласи Меџити.