Меџити: Чаир влегува во нова ера на развој, изградена улица за рекордни 10 дена

by irena 20:53
20:53

Првиот заменик претседател на Владата и кандидат за градоначалник на Општина Чаир од коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити, соопшти дека барањата на граѓаните со голема брзина се претвораат во конкретни проекти и видливи инвестиции на терен, за време на една средба со жителите на населбата Дижонска.

Меџити изјави дека улицата која ја поврзува населбата Дижонска со “Ферид Мурад“ е изградена во рекорден рок од само 10 дена.

“Пред само две недели, на една средба со жителите на Дижонска, тие го изразија своето незадоволство за улицата која ја поврзува населбата со “Ферид Мурад”. Оваа улица се изгради во рекорден рок од само 10 дена и денес е функционална, токму како што и заслужија граѓаните,“ потенцираше Меџити.

Тој го оцени овој случај како јасен доказ за моќта на соработката помеѓу граѓаните и институциите.

“Ова е најдобриот пример дека кога граѓаните зборуваат, а институциите работат, резултатите доаѓаат веднаш,“ нагласи Меџити, додавајќи дека
Чаир влегува во нова фаза на развој благодарение на координацијата меѓу локалната и централната власт.

“Чаир конечно гледа големи инвестиции и развој. Ова е само почеток на една нова ера, во која соработката меѓу локалната и централната власт ќе ја води општината кон голема трансформација,“ истакна тој.

Слични вести