Маж загина откако поројните дождови го однесоа неговиот автомобил на плажа на Родос

by irena 16:58
16:58

Шеесет и двегодишен маж загина денес откако поројниот дожд за време на силно невреме го однесе неговиот автомобил на плажата Стегнос на грчкиот остров Родос, соопштија надлежните.

Телото на мажот е пронајдено во близина на мало крајбрежно село, на околу 30 километри од градот Родос, додека невремето однело вкупно четири автомобили, соопшти Крајбрежната стража, пренесува „Катимерини“.

На снимки објавени на социјалните мрежи се гледа како поројната вода го носи автомобилот низ каллива вода.

Слични вести