149
59-годишен маж допирал по тело 31-годишна жена во продавница на подрачјето на Кисела Вода.
– На 07.07.2026 во 22:10 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.Н.(59) со престојувалиште во Скопје, по претходна пријава дека во продажен објект допирал по телото 31-годишна жена, информираа од МВР во денешниот полициски билтен.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.