Масовно апсење во Косово: Над 100 лица осомничени за изборна измама

by vlatko 21:30
21:30

Повеќе од 100 лица се уапсени во Косово поради сомнежи за сериозни злоупотреби за време на парламентарните избори одржани на 28 декември, соопшти обвинителот од Призрен, Петрит Кријезиу.

Според него, станува збор за организиран обид за поткопување на изборните резултати и волјата на граѓаните.

Обвинителството информира дека 109 лица се приведени поради фалсификување изборни резултати, вршење притисоци и заплашување на гласачи, како и поради активна и пасивна корупција.

Постојат сомнежи дека биле манипулирани повеќе од 68.000 гласачки ливчиња.

Истрагата започнала во средината на јануари, а засега не е потврдено дали од наводната измама имала корист конкретна политичка партија.

Според прелиминарните резултати, движењето Самоопределување, предводено од досегашниот премиер Албин Курти, освоило над 51 отсто од гласовите.

Слични вести