Седум милиони луѓе, според организаторите, се собраа вчера во САД на повеќе од 2.700 мирни собири против политиките на американскиот претседател Доналд Трамп.
„Од Њујорк до Сан Франциско, преку Чикаго, Њу Орлеанс и мали градови во централниот дел на САД, околу седум милиони луѓе учествуваа на повеќе од 2.700 собири“, соопштија организаторите.
Коалицијата обединета под слоганот „Без кралеви“ веќе организираше добро посетени протести на роденденот на Доналд Трамп кон средината на јуни, кои привлекоа околу пет милиони демонстранти, според организаторите.
Овие бројки е невозможно да се потврдат бидејќи американските власти не објавуваат проценки на национално ниво. Сепак, собирите во саботата беа најголемото протестно движење во земјата откако републиканците се вратија на власт.
На големи демонстрации или десетици помали по патиштата, Американците од сите возрасти се собраа во фестивалска атмосфера за да го осудат она што го нарекоа „авторитарно преземање“ на Доналд Трамп и неговите соработници.