Во вооружен напад во средното училиште во градот Тамблер Риџ, во Британска Колумбија, во Канада, убиени се десет лица, вклучувајќи го и напаѓачот, објавија властите.
Би-Би-Си јави дека пукањето се случило околу 13:20 часот по локално време.
❗️⚠️🇨🇦 – A tragic mass shooting occurred on February 10, 2026, at Tumbler Ridge Secondary School in the small town of Tumbler Ridge, northeastern British Columbia, Canada.
According to the latest updates from the Royal Canadian Mounted Police (RCMP) and multiple reliable news… pic.twitter.com/2QW3p4JWYa
— 🔥🗞The Informant (@theinformant_x) February 11, 2026
Полицијата пронашла шест мртви лица во училиштето, додека седмиот починал на пат кон болницата, а две лица биле пронајдени без знаци на живот во куќа во близина на училиштето.
Полицијата верува дека двата смртни случаи во куќата се поврзани со инцидентот во училиштето.
Напаѓачот, исто така, бил пронајден мртов, а полицијата верува дека смртоносните повреди самиот си ги нанел.
Шефот на полицијата Кен Флојд изјави дека 25 лица се здобиле со полесни повреди, а две лица се здобиле со сериозни повреди.
Во безбедносното предупредување испратено за време на нападот, осомничениот е идентификуван како „женско лице во фустан, со кафена коса“.
Официјалните лица велат дека го знаат идентитетот на напаѓачот, но досега не го објавиле името или полот.
Полицијата сè уште не го идентификувала видот на оружјето што е употребено во нападот, ниту возраста на жртвите.
Премиерот на Британска Колумбија, Дејвид Аби, на прес-конференција изјави дека полицијата пристигнала на местото на нападот две минути по повикот, со што спречила оваа ужасна трагедија да стане уште поголема.