Марта Кос: Загрижени сме за прекумерната употреба на сила во Србија

by irena 20:40
20:40

Комесарот за проширување – Марта Кос објави дека Европската Унија внимателно ја следи ситуацијата во Србија во врска со тековните протести, изразувајќи загриженост за прекумерната употреба на сила од страна на полицијата против демонстрантите.

„Внимателно ги следиме извештаите за прекумерна употреба на сила против демонстрантите во Србија“, рече Кос во објава на мрежата X.

Таа нагласи дека правата на мирно собирање, слободата на изразување и слободата на собирање мора да бидат заштитени во сите демократски општества.

„Остро ги осудуваме сите форми на омраза и насилство. Основните права и вредности мора да се почитуваат“, напиша таа.

Изјавата на Марта Кос доаѓа во време кога во неколку градови во Србија се во тек протести поради третманот на полицијата кон граѓаните и студентите, како и начинот на кој државните власти се однесуваат кон основните човекови права.

Слични вести