46
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција упати остри критики и обвинувања до СДСМ. Според Манасиевски, партиските кадри кои се промовираат во јавноста имаат спорни биографии и кривични досиеја.
-Тепачи, трговци со дрога и роднини на Заев, тоа се децата на Филипче кои ги промивира како иднина на Македонија ако тој дојде на власт. Талогот од СДС си го покажа вистинското лице – истакна Манасиевски.
Тој посочи конкретни имиња на лица за кои тврди дека се дел од опкружувањето на раководството на СДСМ.
-Христијан Ефтимов, Илија Стојанов, Зоран Трифуновски, Филип Андов Сокол и други лица од СДС, ќе бидат иднината на Македонија ако Венко Менгеле дојде на власт – изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.