14
Во Тетово тешко е повреден 16-годишник откако падна од електричен тротинет.
Според информациите од МВР, несреќата се случи синоќа околу 22:30 часот, во тетовското село Мала Речица.
Малолетникот управувал електричен тротинет кога во еден момент изгубил контрола и паднал.
Како последица на падот, 16-годишникот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Клиничката болница во Тетово.
Увид на местото извршила екипа на СВР Тетово.