184
МВР информира дека надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе известување против малолетник од Пехчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Како што информираат од полицијата, на 08. јули годинава, од паричникот на неговата баба одзел пари, а на 10 и 11. јули од платежната картичка на неговата мајка од банкомат во два наврати подигнал парични средства.