Малолетник нападнат со метален предмет од тројца соученици во Тетово

by irena 12:01
12:01

Во СВР Тетово синоќа бил пријавен случај на физички напад врз малолетник во Тетово.

Според информациите од полицијата, 49-годишниот З.Б. од Тетово пријавил дека неговиот малолетен син околу 09 часот бил физички нападнат на крстосницата меѓу улиците „Борис Кидрич“ и „Јане Сандански“.

Како што е наведено во пријавата, нападот го извршиле тројца негови соученици, при што употребиле и метален предмет.

Од полицијата информираат дека се работи на документирање на случајот во координација со родителите и претставници од Центарот за социјални работи.

Слични вести