63
Од МВР информираат дека синоќа во 23:30 часот на Градскиот плоштад во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово уапсија 16-годишник од Тетово.
Велат дека малолетникот е уапсен поради основано сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ во црквата „Св. Богородица“ во Тетово.
Тој вечерта околу 21:10 часот, украл пари и предмети од црквата.
Известен бил јавен обвинител и во присуство на родител и претставник од Центарот за социјални работи, со малолетникот е извршен службен разговор.
Од МВР порачаа дека по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.