Седумнаесетгодишниот М.С. го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случи утринава околу два часот по полноќ, на магистралниот пат Ужице – Пожега (Србија), во местото Горјани.
Според информации од извори блиски до истрагата, малолетникот се наоѓал на коловозот во моментот на несреќата кога во него удрил автомобил управуван од 20-годишниот М. Г. од Пожега.
Од силината на ударот, телото на момчето било отфрлено, а според истите информации, тој потоа бил делумно пригмечен од друго возило со регистарски таблички од Велика Плана, чии патници се враќале од море.
На местото на настанот набрзо пристигнале екипи на брзата помош, но дежурниот лекар можел само да констатира смрт.
Увидот го извршиле припадници на полицијата и заменик-јавен обвинител од Основното јавно обвинителство, а сообраќајот на оваа делница од магистралниот пат бил во прекин околу два часа.
Според неофицијални информации, возачот на автомобилот што прв удрил во пешакот поседувал пробна возачка дозвола.
Дали во моментот на несреќата го управувал возилото во рамките на законските прописи, ќе се утврди во текот на понатамошната истрага.