375
Франција ќе ја признае државата Палестина во септември на седницата на Генералното собрание на ОН, изјави денес францускиот претседател Емануел Макрон.
Тој на својот профил на Икс објави писмо што го испратил до претседателот на Палестинската самоуправа Махмуд Абас, во кое ја потврдува намерата на Франција да стане првата западна сила што ќе ја признае државата Палестина.
„Верен на мојата историска посветеност на праведен и траен мир на Блискиот Исток, одлучив Франција да ја признае државата Палестина. Свечено ќе го објавам ова на Генералното собрание на Обединетите нации следниот септември. Потребата денес е итна да се стави крај на војната во Газа и да се обезбеди помош за цивилното население“, рече Макрон.