223
Македонската ракометна репрезентација загуби од Данска на стартот на Европското првенство со 36:24.
Данските ракометари важат за едни од фаворитите и за освојување на златото.
Македонската репрезентација заедно со Данска е во групата Б со Португалија и Романија, кои се соочија во првиот натпревар од групата.
Португалците беа сигурни против Романците совладувајќи ги со 40:34.
Македонските ракоментари вo недела ќе играат против Португалија, а во вторник против Романија.