Македонската полиција ќе биде опремена со 120 нови возила

by vlatko 19:40
19:40

Денес во Министерството за внатрешни работи беа промовирани 120 нови возила за потребите на македонската полиција, кои се наменети за униформирана полиција.

МВР најавува дека тие ќе бидат дистрибуирани до полициските организациски единици низ целата земја и ќе придонесат за поефикасно и побрзо извршување на секојдневните полициски задачи.

Министерот Панче Тошковски нагласи дека распределбата ќе биде рамномерна на национално ниво, при што Скопјe, како најголем град и со најголеми безбедносни потреби, ќе добие поголем број возила.

Тошковски нагласи дека овој вид набавка на полициски возила е прва по 15 години и дека станува збор за модерни и моќни возила со кои полицајците ќе ги извршуваат своите работни задачи многу поефикасно.

Тој додаде дека оваа набавка е јасен показател за посветеноста на Министерството за внатрешни работи да создаде подобри услови за работа на полициските службеници.

Слични вести