1
Македонската фудбалска репрезентација назадуваше две позиции на најновата ФИФА ранг листа објавена денес.
По двата пораза, од Шкотска и од Словенија, во ноемврискиот прозорец, Македонија сo 1339,35 бода се најде на 73. место на ФИФА-рангирањето.
Во октомври „Црвено-жолтите“ беа на 71.позиција.
Лидер и натаму е Шпанија, пред Аргентина и Франција.
Во Топ 10 се наоѓаат и: Англија, Мароко, Португалија, Бразил, Белгија, Холандија и Колумбија.