170
Македонската фудбалска репрезентација назадуваше на последната ранг-листа на ФИФА за 2025 година.
Македонија, календарската година ја заврши на 66-то место, што во однос на претходното рангирање, преставува пад од едно место.
Македонската репрезентација назадуваше на сметка на Јордан, селекција која направи скок за две места на листата.
Пред Македонија, меѓу другите на листата се Хондурас, Јордан, Албанија, Буркина Фасо, Јужна Африка, Саудиска Арабија…
На новата ранг листата на ФИФА нема промени во Топ 10.
На врвот е Шпанија, пред Аргентина и Франција.
Топ 10: Шпанија, Аргентина, Франција, Англија, Бразил, Португалија, Холандија, Белгија, Германија и Хрватска.