Безживотното тело на 75-годишна македонска државјанка е извлечено од морскиот дел во Неа Каликратија, на Халкидики, па со возило на брза помош жената е пренесена во здравствен центар, каде што била констатирана смрт,
Од Крајбрежната служба на Грција соопштија дека вчера во попладневните часови биле информирани дека „75-годишна странска државјанка (државјанка на Република Северна Македонија) била извлечена без знаци на живот од морската област „Неа Каликратија“ во општина Неа Пропонтида, Халкидики“.
– Со амбулантно возило на брзата помош 75-годишната жена беше пренесена во Здравствениот центар во Неа Мудања, каде што беше констатирана смртта, информираа од грчката крајбрежна служба.
Додадоа дека надлежната управа која ја спроведува предистражната постапка ќе изврши обдукција во Институтот за судска медицина во Солун.