Македонка загина во сообраќајна несреќа во Полска

by irena 19:45
19:45

Трагична сообраќајна несреќа на експресниот пат S8 во близина на Варшава го одзеде животот на 72-годишната Емилија Котевска Аврамчева, позната во македонската заедница во Полска.

Според информациите на полските служби, несреќата се случила вчера околу 15:50 часот кај крстосницата Опач-Колонија, во правец кон Варшава. Котевска Аврамчева го запрела својот автомобил на итната лента и излегла од возилото, по што била удрена од автобус или комбе што се движело по патот.

На местото веднаш интервенирале три противпожарни екипи од Прушков, тим на Итната медицинска помош и хеликоптер на Воздушната амбуланта. По извршената реанимација, повредената била пренесена во болница, но и покрај напорите на лекарите, им подлегнала на повредите во раните утрински часови.

Полската полиција соопшти дека е во тек истрага за утврдување на сите околности под кои се случила несреќата.

Котевска Аврамчева важеше за еден од столбовите на македонската заедница во Полска и беше активно вклучена во зачувувањето и промовирањето на македонскиот идентитет меѓу дијаспората.

Слични вести